Курти: Нема да дозволиме дестабилизација на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека нема да дозволи ситуацијата во земјата да се дестабилизира и повтори дека спроведувањето на одлуките на Владата ќе се одложат во моментот кога ќе бидат отстранети сите барикади поставени на север. – Во моментот кога ќе се отстранат барикадите на север и ќе се воспостави целосна слобода на движење, спроведувањето на двете владини одлуки се одложува за 1 септември 2022 година.
На север има девет барикади и очекуваме сите да бидат отстранети во текот на денешниот ден, рече Курти на заедничката конференција за новинари со министерот за внатрешни работи Џељаља Свечија. Курти посочи дека одлуките на Владата на Косово никогаш не се носат врз основа на националниот идентитет.
– Насилството нема да се толерира, прекршителите ќе бидат казнети според законот, рече тој. Косовскиот премиер им се заблагодари на американскиот амбасадор Џеф Ховени и на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за отворената комуникација и нивната улога во смирувањето на ситуацијата..
Тој додаде дека ја разбира загриженоста на европските и американските фактори поради, како што рече, негативниот ефект од кампањата за дезинформации врз двете одлуки, па изразиле подготвеност да ја одложат нивната примена до 1 септември, штом се отстранат барикадите. – Го повикуваме меѓународниот фактор, ЕУ и НАТО, да го осудат насилството и агресијата на криминалните групи на северот на Косово, кои се охрабрени и финансирани од Белград, рече Курти.
Ново на Сител
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
-

Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“
-

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
-

Речиси милион евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“
