Курти: Нападот во Бањска беше терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово
Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска во Бањска дека минатогодишниот напад на вооружена група локални Срби врз косовската полиција во тоа село е „терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово“, и дека оние кои стојат зад тој напад се „подготвени за поширок и подолг конфликт“.
Курти оцени дека настаните во Бањска од 24 септември минатата година претставуваат „план за напад на Косово“ зад кој, според неговите зборови, стојат паравоени, терористички формации финансирани и раководени од Србија.
„Тоа беше агресија против државниот суверенитет, територијален интегритет, мир, безбедност и уставност“, изјави Курти на новинарите по откривањето на таблата во Бањска со името на улицата што го носи името на Африм Буњаку, полицаецот убиен во вооружен конфликт во тоа село на северот на Косово.
Владата на Косово синоќа одлучи улица во селото Бањска да именува по полицаецот убиен во вооружениот конфликт на 24 септември минатата година.
„Наредникот на косовската полиција Африм Буњаку и неговите колеги беа на местото каде паравоените, терористички формации предводени од Србија и кои претходно внесуваа многу оружје за поширок и подолг конфликт, подготвуваа замка за убивање на нашите полицајци. „Од конфискувањата на оружје и муниција што ги изврши полицијата во Звечан и пошироко, произлегува дека е одземена поголема количина оружје“ – рече Курти.
Одговорноста за вооружениот напад ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ.
Специјалното обвинителство на Косово досега покрена обвинение против Радоичиќ и уште 44 лица кои се осомничени за тероризам, перење пари и финансирање тероризам, како и за „сериозни дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО