Курти најави заеднички седници со владите на Македонија и Црна Гора
Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.
– Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив, напиша Курти.
Новиот косовски премиер потсети дека вчера се навршиле три недели од изгласувањето на неговиот Кабинет и изрази задоволство што на самитот на ЕБОР имал можност да говори за приоритетите на Владата која ја води, како и за односите со Србија и реципроцитетот кој има намера да го воведе во однос на таа соседна држава.
– Драго ми е што на овој ден имав можност да говорам за значењето на инвестициите за економијата, претприемништвото на нашите млади посебно во информативната технологија, инфраструктурата што поврзува и овозможува развој, односите со Србија и принципот на реципроцитет итн. Вработувањето, од една, и европските интеграции и зачленувањето во НАТО, од друга страна, се нашите приоритети како нова Влада на Косово, истакна Курти.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола