Курти најави дека ќе ја тужи Србија за геноцид
Косовскиот премиер Албин Курти најави денеска дека неговата Влада ќе поднесе тужба против Србија за геноцид во војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Ќе изготвиме тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд за правда, изјави Курти на денешната седница на Владата, на која беше усвоена четиригодишната програма за работа на неговиот кабинет.
Тој рече дека со Србија во иднина ќе се води „принципиелен дијалог“, кој треба да резултира со меѓусебно признавање.
– Ќе водиме со Србија принципиелен дијалог, кој ќе биде подготвен, со договор за меѓусебно признавање, порача Курти, нагласувајќи дека меѓу приоритетите во надворешната политика ќе биде зближувањето и тесната соработка со Албанија.
Образложувајќи ја програмата за работа на Владата во наредните четири години, косовскиот премиер рече дека нејзина главна цел ќе биде справувањето со пандемијата на Ковид-19 и „ублажувањето на последиците предизвикани од претходната влада“.
– Со мерките кои ќе ги преземеме ќе ги поддржиме работниците кои ги изгубија работните места, лицата кои се вработуваат за првпат и бизнисите. Ќе обезбедиме додатоци за децата и гарантирано сезонско вработување за еден член на семејството, рече Курти.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска