Курти: На агресијата ќе одговориме со сите сили
Косовскиот премиер Албин Курти реагираше по тензичната ситуација која настана на граничните премини „Брњак“ и „Јариње“ на северот на Косово. Курти на Фејсбук порача дека Косово не сака конфликти, туку напредок и мир.
„Србија веќе неколку дена му се заканува на Косово со агресија. Претседателот и премиерот на Србија повикуваат на враќање на илјада војници повикувајќи се на резолуцијата 1244 на ОН. Тие сакаат двојно повеќе чекори назад. Секое неуспех да се осуди ова оркестрирано насилство од страна на ЕУ и САД ќе го охрабри Белград дополнително да поттикне дестабилизација. Ќе загинат криминалците и русофилите. Косово ќе победи. Косово е европска, демократска и проамериканска држава, додека Србија е автократска“, напиша Курти на Фејсбук.
Сега кога ниту масите ниту датумот на изборите не можат да послужат како изговор, се разоткриени српските илегални структури претворени во криминални групи во нивната жед за оган и крв, изјави косовскиот премиер.
На крајот од објавата на Фејсбук, Курти наведе дека косовскиот министер за внатрешни работи е во контакт со шефот на КФОР и дека „илегалните барикади на маскирани криминалци на северот на Косово мора веднаш да се отстранат.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека ќе побара дозвола од КФОР за распоредување на српската полиција и војска на Косово.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес