Курти му потврдил на Шоле дека е подготвен да се сретне со Вучиќ
Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор му потврдил на советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле дека е подготвен за следните средби на високо политичко ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти денеска косовската Влада.
„Премиерот на Косово, Албин Курти, вчера имаше телефонски разговор со високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле. Разговараа за европскиот предлог, кој е прифатлив како добра основа за понатамошни разговори и солидна платформа за напредок кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија во рамките на дијалогот во Брисел“, се наведува во соопштението.
Притоа била нагласена важноста на напредокот на Косово во меѓународната во време кога демократските и економските достигнувања на Косово во последните две години се докажани од многу престижни меѓународни организации и институти, се додава во соопштението.
„Премиерот Курти ја потврди својата подготвеност за следните политички средби на високо ниво и ја изрази својата согласност за потребата од интензивирање на процесот на дијалог“, се вели во соопштението на косовската влада.
Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле изјави дека вчера разговарал со косовскиот премиер Албин Курти и дека ја поздравува одлуката на косовскиот премиер да го прифати предлогот на ЕУ.
Шоле во објава на Твитер напиша дека САД ја поздравуваат одлуката на Косово да го прифати предлогот на ЕУ.
„Денеска разговарав со премиерот Албин Курти. Ја поздравуваме одлуката на Косово да го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија преку дијалог олеснет од ЕУ“, рече тој.
Тој додаде дека „сега е потребна имплементација за да се обезбедат значителни придобивки за двете земји“.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството