Курти: Меѓусебното признавање да биде основа на предложениот договор
Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска изјави дека меѓусебното признавање треба да биде во центарот на француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
„Во центарот на Договорот треба да биде взаемното признавање, бидејќи само така можеме целосно да ги нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, изјави Курти пред новинарите по отворањето на Меѓународната конференција за кибер-безбедност во Приштина.
Курти потсети дека уште во септември кога го видел нацрт-договорот изјавил дека тоа е добра основа за понатамошни разговори и оти претставува рамка и платформа што овозможува да се оди напред, но и дека се потребни и разговори за да се постигне договор.
„Постојат 33 бриселски договори од последната деценија и нема ниту еден договор што има приоритет пред друг“, рече Курти.
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, објави преку Твитер дека заедно со Курти и вицепремиерот Бесник Бислими за време на синоќешната работна вечера постигнале согласност за потребата од имплементирање на сите претходно постигнати договори во дијалогот.
„Се вратив во Косово за да продолжам со искрени, отворени и интензивни разговори со премиерот Курти и вицепремиерот Бислими за следните чекори и напредок во нормализацијата на односите со Србија“, твитна Лајчак.
Лајчак синоќа за приштинската телевизија „Клан Косова“ изјави дека германско-францускиот план во суштина е план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и оти содржи 11 точки.
Тој рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат планот и да го потпишат, додавајќи дека Косово добива многу, а ништо не губи со договорот.
„Имаме одделни разговори со двете страни и кога ќе ги собереме, очекуваме да го прифатат планот, да го потпишат и да го спроведат. Секако, ќе се погрижиме и потпишаното да се спроведе, рече тој.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство