Балкан
8. September 2017 - 20:41

Курти: Косово е заложник на Весели и на Србија

Пратеникот во косовскиот Парламент од движењето „Самоопределување“ Албин Курти тврди дека Косово не е само „заложник“ на новиот претседател на Собранието, Кадри Весели, туку и на Србија, односно на „нејзините партии во Косово“, мислејќи на Српска листа.

- Косово не е само поробена држава. Косово, исто така, е и заложник, напиша Курти на социјалната мрежа Фејсбук.