Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан
На својата страница на Твитер, Курти напиша дека Косово е „најдемократската и најпроевропска земја на Западен Балкан, но и најизолирана“.
Косовскиот премиер, Албин Курти денеска потсети дека на денешен ден во 2018 година Европската Комисија по вторпат заклучи дека Косово ги исполнува критуриумите за визна либерализација, но дека одлуката за тоа и натаму не е донесена, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Денеска се навршуваат четири години откако Европската комисија по вторпат заклучи дека Косово ги исполнува сите критериуми за визна либерализација. Ние сме најдемократската и најпроевропска земја на Западен Балкан, но и најизолирана. Надежите на нашите граѓани треба да се исполнат со решителност и солидарност од страна на ЕУ, напиша Курти.
Првата препорака за укинување на Шенген-визите за косовските граѓани Европската комисија ја усвои во 2016 година, но и по втората од 2018-та сé уште има членки на ЕУ, пред сé Франција и Холандија, кои ја блокираат конечната одлука.
Ново на Сител
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе