Курти: Компромис нема да има
Лидерот на радикалното опозициско движење „Самоопределување“, Албин Курти, кого денеска проба да го уапси косовската полиција но не го пронајде во неговиот дом, се појави денеска на градскиот плоштад пред зградата на Владата и заедно со опозиционерите и граѓаните порача дека протестите, како денешниот ќе продолжат, јави Танјуг.
- Никаков компромис нема да биде прифатен бидејќи нас државата не прогонува, рече Курти, кога полицијата проба да го уапси поради нарушување на работата и активирање на солзавец во Парламентот.
Курти, меѓутоа, не одговори на прашањето на новинарите дали ќе се пријави во полиција.
Со појавувањето на Курти на плоштадот доведе до нови судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои го штитат Курти.
Полицијата која ги растерувала демонстрантите, пронашла торба полна со „молотови коктел“.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила