-->
-->
Курти ја одби поканата на Тачи
-->

Лидерот на движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде нов премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори во октомври, ја одби поканата од претседателот Хашим Тачи за средба на која требаше да му биде доделен мандадот за состав на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори од Самоопределување изјавија за медиумите дека Тачи ја испратил поканата околу 11 часот и дека нивниот лидер не може да стаса на состанокот во 13.30 поради обврски надвор од Приштина.
Според ВВ, Курти набргу ќе го извести претседателот за термините во кои може да се сретне со него.
Хашим Тачи и партијата што тој ја основа, Демократската партија на Косово (ПДК) се најчестата мета на напади од страна на ВВ и Курти во целиот повоен период во Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
