Курти ги повика опозициските лидери на средба во вторник
Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), да се сретнат утре, со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролот на Владата, Прпарим Криезиу изјави за медиумите дека поканите за утрешната средба на опозициските лидери им се испратени по електронска пошта вчера, а денеска ќе им бидат доставени и во физичка форма. Средбата Курти ја најави вчера, на седницата на Генералниот совет на неговата партија, Движење самоопределување.
Во таа прилика Курти изјави дека политичките несогласувања меѓу власта и опозицијата не смеат да го надминат државниот интерес.
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?