Курти: Целта на „Отворен Балкан“ е отворање на регионот кон Русија и Кина

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека досегашната иницијатива за „мини шенген”, што во четвртокот на Регионалниот економски форум во Скопје беше преименувана во „Отворен Балкан”, претставува обид на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да го отвори Балканот кон Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти денеска пред новинарите во Приштина изјави дека регионалната иницијатива, која ја поддржуваат премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, претставува обид на Вучиќ да го отвори регионот и за „автократијата, корупцијата и воените злосторници”.
– Со оглед дека таму е српскиот челник кој не се соочува со минатото на неговата држава и со неговото лично минато, „Отворен Балкан” наликува повеќе на Балкан отворен за влијанијата од Исток, посебно од Руската Федерација и Кина, како и Балкан отворен за автократијата, корупцијата и воените злосторници, кои, како што знаеме, и натаму се во голем број слободни низ Србија, а не малку од нив се и на власт, изјави Курти.
Одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на изложба на книги од 80-тите во Народниот театар во Приштина, косовскиот премиер рече дека главен проблем во регионот во моментов е одбивањето на српското раководство да се соочи „со криминалното минато на Србија”.
– Ние како Република Косово сметаме дека главен проблем во Западен Балкан е несоочувањето на српското раководство со минатото, односно со криминалното минато на Србија, која предизвика четири војни во последната деценија на минатиот век. Заедничкиот пазар мора да биде придружен од соочување со минатото, демократизација на нашите земји и владеење на правото, изјави Курти.
Во спротивно, порача косовскиот премиер, „ќе имаме повеќе настани кои не остануваат во сеќавање, одошто процеси и структури кои ќе го менуваат кон подобро животот на граѓаните”.
Ново на Сител
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
