Свет
23. July 2017 - 22:00

Курт Вокер: Русија е виновна за жестоката војна во Украина

Руската агресија е виновна за насилството во источна Украина, каде луѓе умираат во тоа што, повеќе треба да се нарече „жестока војна" отколку „замразнат конфликт“, изјави специјалниот пратеник на САД во украинските мировни преговори, Курт Вокер, цитиран од британските медиуми.

Вокер, кој е поранешен постојан претставник на САД во НАТО, на сегашната должност беше назначен на 7 јули, за да помогне во решавање на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, во кој од 2014 година досега се убиени над 10.000 лица.

Вашингтон овој конфликт го гледа како главната пречка за подобрите односи со Москва.

При посетата на Краматорск, град на 690 километри југоисточно од Киев, Вокер изјави дека ќе изготви препораки како САД подобро да учествуваат во мировниот процес.

-Ова не е замрзнат конфликт, туку жестока војна. Ова е непосредна криза, која сите треба да ја решиме што е можно поскоро, рече тој.

Курт Вокер е дипломат од кариера и е поранешен соработник на сенаторот републиканец Џон Маккејн, кој сака САД да и испорачуваат оружје на Украина,забележуваат британските медиуми.