Курт Кобејн бил убиен? Фрлен сомнеж на Кортни Лав

Иако смртта на фронтменот на Нирвана е окарактеризиран како самоубиство, 20 години подоцна во најновиот документарец се наведува можноста дека музичарот е убиен.
Според ексклузивни исечоци до кои дојде Дејли Меил, во најновиот документарен филм „Soaked in Bleach“ се појавиле нови докази за шокантната смрт на Курт Кобејн.
Според официјалниот извештај, фронтменот на Нирвана во април 1994 година се застрелал во главата и извршил самоубиство.
Но експертите одлучиле подетално да го прегледаат неговото проштално писмо пред самоубиството кое Кортни Лав (51), вдовицата на музичарот, со години го чувала.
Пораката која ја оставил поттикнува на дополниелни прашања во истрагата. Поранешниот шеф на полицијата во Сиетл смета дека истрагата за неговата смрт треба повторно да се отвори. Целиот настан беше презентиран од агол на приватниот детектив Том Грант, кој беше ангажиран од Кортни, само неколку дена пред да почине музичарот.
Според исечоците од филмот, вината е вперена токму кон Кортни, нешто за што кружат гласини веќе со години. Дудските вештаци тврдат дека таа го убила сопругот затоа што биле пред развод, а во тој случај таа би останала без ништо.
Гранд тврди дека писмото на Курт немало белези на проштално писмо, туку со него сакал само да порача дека ја остава сопругата и ја напушта музичката кариера.
Форензичарката Хајди Харалсон направи споредба на прошталното писмо на Курт со белешките кои се пронајдени во торбата на Кортни. Кога ги споредиле, констатирано е дека некои букви се слични со оние на прошталната порака, што доведува до прашање дали некој претходно го вежбал ракописот на Курт.
Постои можност дека некој го имитирал ракописот на музичарот, особено последните редови кои според нивната констатација се додадени дополнително. Почетокот на писмото напишано е со друг ракопис од оној на крајот, рекоа форензичарите.
Исто така, судските вештаци тврдат дека е тешко човек по конзумирање на хероин да крене рака на себе.
Покрај тоа, како дополнителниот доказ во прилог на тоа дека Курт бил убиен и не извршил самоубиство, се споменуваат и пропустите кои овозможија телото да се кремира по шест дена, додека отисоците од пушката се земени еден месец подоцна.
Конкретен доказ против Кортни никогаш не е пронајден, иако таа сакаше да го запре излегувањето на споменатиот документарец.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
