Курдски советник: Ал Багдади разоткриен благодарејќи на долната облека
Абу Бакр ал Багдади е идентификуван со помош на ДНК анализа на неговата долна облека, која била украдена пред да го убијат американските специјалци, тврди виш спветник на курдската милиција.
Ал Џезира јави дека долната облека на Ал Багдади ја украл таен агент со намера со ДНК анализа да се утврди дека станува збор за водачот на терористичката Исламска држава. Полат Кан, виш советник на милицијата на Сириските демократски сили (СДФ), опиша како ницните разузнавачки сили им помогнале на Американците да го лоцираат и идентификуваат Ал Багдади.
„Со помош на наши извори, дојдовме до неговата долна облека, со помош на која е извршено ДНК тестирање, и врз основа на која е утврдено дека 100 отсто станува збор за него. Соработувавме со ЦИА на овој случај. Тој се подготвуваше повторно да ја смени својата локација“, напиша Кан на Твитер.
Тој појасни дека разузнавач „испраќал координати, ги насочувал нападите од воздух, учествувал и направил таа операција да биде успешна до последен момент“.
Посмртните останки на Ал Багдади САД се погребани в море, со соодветна верска служба, согласно исламските обичаи.
Ново на Сител
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско