Loading Video...
Свет
17. November 2021 - 12:19

Курц остана без пратеничкиот имунитет

Поранешниот австриски премиер Себастијан Курц остана без пратеничкиот имунитет откако му беше одземен од страна на надлежната комисија на австрискиот Парламент.

Одлуката за укинување ќе биде потврдена на собраниска седница в четрврток. Овој чекор се презема побарање на обвинителството за економски криминал и корупција кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп.

По одлуката на собраниската комисија Курц изрази задоволство нагласувајќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.