Курц: Ќе бидат потребни најмалку 30 години за да се распределат бегалците во ЕУ
Ќе бидат неопходни повеќе од 30 години за да се распределат бегалците во земјите на Европската унија, ако се задржи темпото на распоредување, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, во интервјуто за грчкиот весник „Прото тема“.
До моментов, во програмата за релокација се вклучени околу 5.600, од вкупно 160 илјади лица кои чекаат.
Австрискиот министер за надворешни работи наведе дека Грција постигнала сериозен напредок во справувањето со бегалската криза, а грижата за околу 60 илјади мигранти не е „лесна работа“.
- Оваа година Австрија даде два милиони евра на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, како хумaнитарна помош за Грција. Заедно со тоа и помага на Грција со специјалисти во рамките на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО) и европската гранична агенција Фронтекс, посочува Курц.
Според него, најголем предизвик во моментов е да се забрза процедурата за давење на азил.
По повод затворањето на балканската рута за бегалците во почетокот на годинава, што тој прв го заговараше, австрискиот министер забележува дека тоа ја покажало можноста одделни држави да соработуваат во справувањето со бегалската криза.
- Тие мерки, заедно со договорт меѓу ЕУ и Турција, доведоа до остра пад на бројот на нелегални мигранти и бегалци кои пристигнаа во ЕУ. Тоа спречи многу повеќе луѓе да си го ризикуваат животот, преминувајќи преку Средоземното Море, забележа Курц.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП