Курц изрази загриженост поради влијанието на Турција врз Западен Балкан
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц изрази загриженост поради зголеменото влијание на муслиманските земји врз државите од Западен Балкан.
Тој наведе дека се залага за забрзување на процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.
Курц, во интервјуто за германскиот весник „Хенделсблат“, нагласи дека е загрижен поради растечкото влијание на Турција, како и на Саудиска Арабија, врз Западен Балкан.
- Во Сараево или Приштина, на пример, на жените им плаќаат да излегуваат на улица покриени, со цел да ја променат сликата за градот, објасни австрискиот министер за надворешни работи.
Курц истакна дека на тоа „не смее да се гледа без дејствување“.
Поради тоа, шефот на австриската дипломатија посочи дека треба да се забрза процесот за пристапување кон ЕУ, со цел Турција и другите сили да се држат „под контрола“.
- ЕУ, и покрај тоа што во моментов е вознемирена од случувањата како што се Брегзит, миграциската криза или тероризмот, не смее да го „испушти од вид“ Западен Балкан, изјави Курц.
Тој потенцираше дека во регионот повторно е забележан раст на тензиите меѓу земјите.
- Поради тоа мораме и понатаму да играме активна улога во овој, за Унијата, многу важен регион. Мораме да ги поддржиме реформите и борбата против радикализацијата, како и да понудиме веродостојна европска перспектива, заклучи Курц.
Ново на Сител
-
Џенерал Моторс влегува со свој тим во Формула 1
-
Лига на шампиони: Алонсо на располагање има само 13 фудбалери
-
ЦУ: Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне
-
Скопје и утрово на листата на најзагадени градови во светот
-
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
-
61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија
-
Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра | ФОТО
-
Крадец баран со потерница бил предаден во Затвор Тетово