Курц ги почна разговорите за формирање нова Влада на Австрија
Лидерот на конзервативна Австриска народна партија (ОВП), Себастијан Курц вечерва ги почна разговорите за формирање на нова Влада, откако претходно за тоа доби мандат од претседателот на државата Александер ван дер Белен.
Курц својата прва средба ја имаше со Новиот австриски и либерален форум (НЕОС), една од помалите партии која освои пет проценти на гласовите на изборите. Курц побара поддршка од лидерот на НЕОС, Матијас Штролц за евентуални ситуации во кои на неговата Влада ќе и биде потребно двотретинско мнозинство.
Утре Курц има закажано средба со Хајнс Кристијан Штрахе, лидер на националистичката Партија за слободата на Австрија (ФПО), која се смета за најверојатен иден коалициски партнер на ОВП.
В недела, мандаторот Курц ќе се сретне со Кристијан Керн, лидер на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), со која ОВП досега беше коалиција.
Курц би требало да има средба и со Питер Пилц, чија независна листа успеа да освои 4,4 проценти од гласовите и е најмалата пратеничка група во Парламентот на Австрија.
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија