Курц доби мандат за формирање влада во Австрија
Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска му го даде мандатот за формирање нова влада на Себасјтијан Курц, лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), која победи на предвремените избори.
– Во разговорите, добив впечаток дека ОВП може да формира влада која ќе има мнозинска поддршка во собранието и затоа ви давам мандат да формирате влада, рече Ван дер Белен.
По медиумските иозвештаи дека тој наводно има аспирации за нова влада, тој вели дека единствена негова желба е владата да биде „црвено-бело-црвена“, односно Австрија да биде силна во засилена Европа, Европа која би била поефикасна во глобалната политика.
– Не ми е важно кој со кого во владата туку како влада за благосостојбата на земјата, рече Ван дер Белен.
Тој изрази уверување дека соочувањето со заканата од климатска катастрофа ќе биде високо на агендата на новата влада, потсетувајќи дека сите партии посветувале посебно внимание на темата за време на изборната кампања.
Ново на Сител
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош