Курц: Данок треба да се плаќа таму каде што се остварува профитот
„Гугл“, „Фејсбук“ и другите интернет компании се активни и остваруваат заработка во Австрија и во другите земји што е легитимно, но би требало и да плаќаат данок во тие држави, изјави лидерот на Австриската народната партија (ОВП) и кандидат за иден анстриски канцелар Себастијан Курц.
- Во моментов како во цела Европа, така и во Австрија, постои ситуација профитите, особено во дигиталната област, често да не бидат оданочувани онаму каде што се остварени, објасни Курц.
Тој најави дека при коалициските преговори со Партијата на слободата на Австрија (ФПО) е договорено да се предложи интерент компаниите да го плаќаат данокот во онаа земја каде ја оствариле заработката.
Курц посочи дека целта е да се најде европско решение, а доколку не дојде до тоа, Австрија ќе преземе сопствени мерки.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот