Македонија
16. јуни 2024 - 11:53

Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед

Верниците од муслиманска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш.

Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

Честит Курбан Бајрам на сите муслимани во светот, со желба за крај на судирите, масакрите, омразата и гневот во целиот свет, и со надеж за мир спокојство, слога и подобро утро.