„Купи куќа за над 36 години“ – нов проект во програмата на ВМРО-ДПМНЕ
Куќа за над 36 години, со кој лицата со наполнети 36 години и над 36 години може да добијат субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите 7 години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, главница и камата, а во следните 3 години 35% од ратата со првиот модел, или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот со вториот модел. Ова е нов проект кој е предвиден но новата програма на ВМРо-ДПМНЕ, 2017- 2020.
-За изградба или купување на нова куќа или надградба или доградба на постоечка куќа покрај продолжувањето на проектот Купи куќа за млади до 35 години, кој ќе продолжи во целиот четири годишен мандат и со кој ќе даваме субвенции на месечната рата во висина од 80% во првите 8 години и 50% од ратата во следните 3 години; или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот, во новата програма предвидуваме уште еден, сличен на овој, а тоа е проектот Куќа за над 36 години, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола груевски на промоцијата на новата програма на владејачката партија.
Груевски рече дека со овој нов проект, лицата со наполнети 36 години и над 36 години може да добијат субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите 7 години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, главница и камата, а во следните 3 години 35% од ратата со првиот модел или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот со вториот модел.
-Значи некои граѓани немаат пари за учество, а после тоа може да се снајдат за отплата на рати, за нив 100 отсто од учеството. Други пак граѓани, имаат пари за учество, но не можат да ги издржат ратите, за нив субвенцијата е во ратите. Секој ќе си го избере моделот што е подобар за него, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
