Фудбал
28. August 2019 - 19:43

Куп: Вардар убедливо ја совлада Саса

Фудбалерите на Вардар се пласираа во 2. коло од националниот фудбалски куп откако убедливо со 5-0 ја совладаа Саса во Македонска Каменица.

Црвено-црните ја прифатија поканата да го збогатата со својот настап денот на рударите и пред бројната публика поведоа со погодокот на Ибиши. Следуваа во продолжение головите на Игњатов и двократниот стрелец Цветановски а серијата ја запечати Аврамовски.