-->
-->
KУП: Убедлив триумф на Атлетико (М)
-->

Валенсија и Атлетико Мадрид ја комплетираа листата на екипи кои ќе играат во четвртфиналето, во Купот на Кралот.
Валенсија, која на првиот меч забележа победа од 4:0 против Гранада, во реваншот на гостински терен победи со 3:0. Стрелци за тимот на Гери Невил беа Зариба, Пако Алкасер и Пјати.
Атлетико рутински го одработи реваншот со градскиот ривал Рајо Ваљекано. Првиот меч заврши со резултат 1:1, а во реваншот на „Винсенте Калдерон“, Атлетико славеше со 3:0. Првиот гол го постигна Кореа, а потоа во последните десет минути два пати меѓу стрелците се запиша Гризман.
Покрај Валенсија и Атлетико Мадрид четвртфиналисти во Купот на Кралот се уште Барселона, Атлетик Билбао, Севилја, Селта, Лас Палмас и Мирандес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
