Фудбал
16. May 2016 - 13:24

КУП: Шесто финале за „Мичка“, прво за „Буба“

Вечерва на Филип Втори се игра финалето од националниот фудбалски куп. Еден од фудбалерите кои со своето искуство и знаење за вакви натпревари е во фокусот сигурно е капитенот на ФК Работничи  Милан Илиевски. Популарниот „ Мичка“ го игра своето 6-то финале и досега освоил дури 3 трофеи, два со Работнички и еден со Металург додека ги загуби финалните дуели кога го носеше дресот на Милано и Македонија ЃП. 

Спроти него е капитенот на ФК Шкендија Ферхан Хасани кој го игра своето прво куп финале.  Хасани има голем императив да и помогне на Шкендија да го освои првиот куп трофеј во третиот обид откако претходно тетовскиот клуб  ги загуби натпреварите со  Македонија ЃП и Тетекс.