-->
-->
Куп: Селта го елиминира Атлетико
-->
Селта и Барселона се првите две екипи кои се пласираа во полуфиналето во Купот на Кралот. Селта во реваншот го изненади Атлетико во Мадрид и славеше со 3:2, додека Барселона вложи многу труд за во финишот да слави над Атлетик Билбао со 3:1.
Барселона во реваншот против Атлетик влезе со предност од 2:1, но добро се намачи за да ги совлада гостите од Билбао, кои одиграа прекрасно прво полувреме. Ињаки Вилијамс постигна гол во 12.минута, а до крајот на полувремето гостите поропуштија уште неколку изгледни шанси за зголемување на водството.
Барселона израмни во 53.минута преку Луис Суарез, Атлетик потоа не реализираше преку Адурз, а пресвртот го направи Пике кој со глава погоди во 81.минута. Конечниот резултат го постави Нејмар во последната минута.
Атлетико, по 0:0 во Виго, загуби од Селата на домашен терен со 2:3. Гостите тактички одиграа речиси совршен меч и во целост го искорситја тактичкиот експреимент на Диего Симеоне кој играпе во формација 4-3-3.
Пабло Ернандезпостигна гол за Селата во 22.минута, тој о глава погоди по нафрлувањето на Орељана. Седум минути подоцна израмни Гризман и со резултат 1:1 се замина на полувреме.
Во 56.минута, Гуидети исрати проектил од 3-тима метри кој заврши во мрежата. Осум минути подоцна Гиудети му асистираше на Фернадез кој со својот втор гол зголеми на 3:1.
До крајот Атлетико само успеа да го намали резултатот со голот на Кореа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања