-->
-->
Куп на Македонија: Вардар на чекор до полуфиналето
-->
Фудбалерите на Вардар се на еден чекор пред пласман во полуфиналето во Купот на Македонија.
Актуелниот македонски првак забележа убедлива победа со 4-1 во првиот меч од 1/4-финалето на националниот куп и тоа на гостински терен кај второлигашот Металург, па црвено-црните само формално во реванш натпреварот ќе трена да го потврдат својот пласман меѓу четирите најдобри.
Затоа пак во останатите три реванш средби ќе биде далеку понеизвесно, имајќи ги во предвид резултатите постигнати на денешните, први, четвртфинални дуели, во кои Пелистер минимално со 1-0 го совлада Силекс, Победа и Брегалница одиграа 2-2, а дуелот Шкупи - Шкендија заврши без голови (0-0).
Реванш четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија ќе се играат на 7 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД