Кошарка
13. April 2019 - 19:48

Куп на Македонија: Финале за Блокотехна

Кошаркарите на Блокотехна  славеа со 92-87 против Гостивар во првото полуфинале од Купот на Македонија во кошарка што се игра во Гевгелија.  Блокотехна иако губеше  и со 13 поени разлика сепак успеа да најде сили за пресврт и на крајот да се радува на победата.

Вториот учесник во финалето ќе биде познат вечерва кога се игра „вечното дерби“ МЗТ-Раб отнички кое на програмата е од 20:15 часот.

Кај дамите  Вардар  избори финале против Бадел со со убедливата победа против Работнички со 73-48.