Фудбал
17. December 2015 - 9:32

Куп: „Милионерите“ во четвртфинале

 
Борусија Дортмунд, Штутгарт, Херта и Бохум ја комплетираа листата на учесници во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Германија.
Борусија рутински славеше во Аугсбург со 2:0 иако домаќинот одолеваше еден час на гостите од Дортмунд. Обамејанг во 61-та и Мхитаријан во 66.минута беа стрелци на головите за „милионерите“.
Владимир Дарида ја предводеше Хрта до победата во Нинберг од 2:0, а Бохум со ист резултат славеше во вторлигашкиот дуел против Минхен 1860.
Штутгарт дури по продолженијата го елиминираше Брауншвајнг и тоа со голот на Тони Шуњиќ постигнат во 118.минута.
Во вторникот четвртфинале обезбеди Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Вердер и Хајденхајм.