Кумот му ја силувал ќерката (11) - Очајниот татко: Жалам што не го убив!
Милорад Н. од српско село, се шокирал кога ја видел својата 11-годишна ќерка во кревет со кумот.
„Не ме прашувајте како сум! Се трудам да останам нормален поради се што ми се случи, но не знам како ќе продолжам понатаму... Ќерка ми сеуште не сум ја видел“, изјави Милорад за српски Курир.
Очајниот татко не може да дојде при себе кога го видел својот кум Милутин како ја силува неговата ќерка.
„Тој човек ме венча и ми ја крсти ќерка ми. Никогаш помеѓу нас немало лоши зборови. Никогаш не сум се сомневал дека нешто лошо може да му направи на моето дете. Сеуште сум во шок. Не знам како преживеав“, раскажува таткото и додава дека кумот бил поврзан со неговата ќерка, но не се сомневал дека меѓу нив нешто се случувало.
Според неговите зборови кумот во саботата бил кај нив. Милорад отишол до продавница да купи пива, па кога се врати го затекна кумот и неговата ќерка на гарнитурата.
„Беа до половина покриени со ќебето, нејзината глава била на неговиот стомак. Според нивното однесување сфатив за што станува збор. Тие не ме забележаа кога излегов од куќата. Ја повикав поранешната сопруга и се и кажав. За брзо детето и кумот излегоа од куќата“, изјави Милорад.
Инаку очајниот татко се кае што во тој момент се воздржал што не го убил.
Ново на Сител
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск