Кумановските пожарникари гасеа пет пожари на различни локации

Кумановската противпожарна единица по синоќешните силни електрични празнења имаше неколку интервенции на пожари на различни локации од градот, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Куманово.
Надлежните претпоставуваат дека гром ги предизвикал двата пожари кои се случија по 20.15 часот во кругот на „Ловечки дом“ на запалена сува трева и бор и пожарот на висока сува трева во близина на градските гробишта кај „Стојан Арсов“ кои се случија по 20 часот вчера.

На овие пожари интервенирале по петмина пожарникари, со по едно противпожарно возило.
– Се претпоставува дека двата пожара настанати од гром-празнење и дошло до запалување, наведуваат од РЦУК Куманово.

Пожарникарите гаселе пожар и во село Студена Бара и кај репетитори во населбата Средорек и „Перо Чичо“. Интервенција имале и во село Долно Којнаре на запален помошен објект и сува трева и во месноста Четирска маала каде пак учествувале со две возила и пет пожарникари.
– Сите пожари навремено се изгаснати, изјави командирот на смена, Сашо Илиевски.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
