Кумановскиот музеј со повеќе активности ги одбележува Европските денови на културно наследство
НУ Музеј Куманово со повеќе активности ги одбележува Европските денови на културното наследство, кои годинава се одбележуваат под мотото „Уметноста на споделувањето“.
За учениците од прво до петто одделение од повеќе кумановски основни училишта, информираше кустосот Неда Митковска, беше организирана посета на музеи во Скопје, Музејот на град Скопје, Археолошкиот музе и Музјеот на македонската борба , каде се одржа и креативни едукативни работилници. Годинава, во одбележувањето се вклучи и општина Куманово.
- Посетата се реализира во рамки на проектот кој го спроведува музејот, насловен „Сподели богаство“. Децата се запознаа со нашето национално богатство преку интеракција со вработените, имаа можност да творат, а беа инспирирани од виденото во музеите и на овој начин развиваат свест за значењето на музејска култура и историја, изјави кустосот, Митковска
Изминатава недела беше организира и изложба од авторката Ангелина Поповска која се одржа во Уметничката Галерија во Куманово. Во организација на Музејот наредната недела учениците од кумановските основни училишта ќе имаат можност да ги посетат постојаната музејска поставка и културно-историските одбележја во градот.
Годинава, Европските денови на културно наследство се оддржуваат од 27 септември до 7 октомври.
Ново на Сител
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од Марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога