Кумановскиот градоначалник позитивен на корона вирусот
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е меѓу 40-те денеска потврдени случаи на заразени со вирусот Ковид-19 во Куманово. Тој преку социјалната мрежа Фејсбук повика на воздржаност, бидејќи, како што вели, нема простор за паника.
-Барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца. Ве молам, од душа и срце ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најважно, така ќе победиме сите, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Освен градоначалникот, 9 други членови на кумановскиот кризен штаб се заразени со коронавирусот. Меѓу нив има претставници на повеќе институции, вработени во јавните претпријатија и општината.
Сите членови кои се позитини се асимптоматски слуачи и се на домашно лекување.
Меѓу нив е и директорот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски. Како и Димитриевски, и тој повика на смиреност.
-Ве молам сите да се воздржите, нема простор за паника и сугерирам на одговорно однесување со јака самодисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца и тврдам дека смао така можеме да се спротивставиме на ова заедничко зло за кое знам дека ќе го победиме, вели Стојановски.
Сепак, општинскиот штаб во Куманово ќе продолжи со работа според препораките на епидемиолозите и стручните лица.
Кумановскиот кризен штаб по влошувањето на состојбата во градот од Владата побара да се воведе 24-часовна изолација, односно карантин со посебни услови, кој би важел до 4 мај. Освен тоа, и Комисијата за заразни болести да направи посебна анализа дали досегашните мерките дале резултати во сузбивање на ширењето на коронавирусот.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар