Кумановскиот Центар за култура одбележа 106 години од раѓањето на Трајко Прокопиев
Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа одбележа 106 години од раѓањето на Трајко Прокопиев. Установата го прослави патрониот празник со концерт на хорот „Моис Хасон“ од Скопје.
- Установата „Трајко Прокопиев“ го носи името на еден од најпознатите македонски композитори, чии дела се изведуваат во Европа, тоа е личност-синоним за македонската современа сериозна музика, изјави Роберт Цветковски, стручен соработник во кумановскиот Центар за култура.
Македонскиот композитор Трајко Прокопиев роден е на 6 ноември 1909 година во Куманово. По дипломирањето на музичката школа во Белград го продолжува школувањето на Прашкиот конзерваториум. Работи како композитор и диригент. Добитник е на повеќе награди меѓу нив и Октомвриската награда на Република Македонија за животно дело, а со хорот „Кочо Рацин“ првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица-Италија. Оставарува богато петдецениското творештво, компонирајќи вредни дела, хорски композиции, балет, антологиски опери, филмски музички дела, камерни композиции, базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство.
Присутните, изјави диригентот на хорот Томислав Шопов имаат можност да проследат дела од Прокопиев, Гајдов, Симиќ, Наунов, сефардски романси изведени на автентичен ладино јазик и оперски дуети. Хорот постои 10 години и во овој период има одржано голем број концерти и освоено бројни награди.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер