Кумановската библиотека го збогати книжевниот фонд со над 800 книги
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски" го збогати книжниот фонд со нови 281 наслов или околу 846 книги од различни жанрови.
Книгите се набавени од единаесет издавачки куќи од Македонија, соопштија денеска надлежните од кумановската библиотека. Ова е прва од вкупно три набавки на книги во тековната година, за што библиотеката наменила 300.000 денари.
- Набавена е литература по слободен избор од сите области, најновите изданија кои можеа да се најдат на годинешниов саем на книгата, а за кои постои интерес кај читателите, кои ќе имаат можност да уживаат и во дела од преведената светска литератрура која е мошне актуелна, изјави директорот на библиотеката Марјан Петковски.
Освен книги на македонски јазик, набавени се и дела на англиски, албански и српски јазик. Читателите од Куманово веќе позајмуваат нови дела, од кои 90 проценти веќе се обработени, меѓу нив значителен фонд на атрактивни барани дела.
Во текот на летото, информираше Петковски нема осцилации во однос на посетеноста на библиотеката и на одделението за возрасни и на детскиот оддел. Учениците, основците и средношколците бараат лектири, но се бараат и популарни дела по слободен избор.
- Најмногу се чита белетристика и може да се потенцира дека последниве години расте бројката на читатели, затоа постојано го збогатуваме фондот на библиотеката, изјави Петковски.
Дневно библиотеката ја посетуваат околу 200 корисници. Во двата оддели за возрасни и за деца регистрирани се околу 8.000 корисници, од кои активно се близу 4.000. Со фонд од околу 200.000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најбогатите во земјава. Во текот на летото, надлежните од библиотеката планираат повеќе манифестации, чија цел е популаризација на книгата меѓу читателската публика во Куманово, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.
Во библиотеката во тек е мини саем на книга кој го организира установата во соработка со издавачката куќа „Матица Македонска“, со што кумановци ќе имаат можност да се снабдат со книги по специјални намалувања и саемски попусти.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак