Македонија
5. April 2020 - 14:50

Куманово втор ден со 24 часовен полициски час

21 граѓанин се  новозаразени во општина Куманово. По хаотичното пазарење и гужвите во банките од петокот, градот стивна. Граѓаните не трпат за храна и за време на целодневниот полициски час во Куманово. Општината доставува пакети со продукти до социјално загрозените семејства.  НЕколку маркети работат преку целиот ден за да ги опслужат потребите на кумановци. Од нив дел вршат бесплатна достава до сечиј дом. Овошје, зеленчук, леб, млечни производи се најчестите нарачки од граѓаните.

Стојановски вели само вчера имале повеќе од 40 нарачки,маркетот има доволно залихи и ќе продолжи да функционира на овој начин. Дури и за еден продукт се врши бесплатна достава а носат и во градски и во приградски средини.

Во Куманово полицискиот час од утре почнува во 16 часот, но властите не ја исклучуваат можноста за построги мерки . Кризниот штаб по денешната седница побара од комисијата за заразни болести да направи скрининг на состојбата во кумановската болница.

Втор ден како е на сила  24 часовниот полициски час. Мерката ја прекршиле 12 лица до сега и завршиле во станица. Екипи на брзата помош, пожарна, полиција се постојано на терен. Работат и дежурни аптеки во градот.