Кошарка
3. December 2015 - 10:24

Куманово со пораз ја заврши европската "авантура"

Кошаркарите на Куманово со пораз го завршија својот деби настап во ФИБА Еврокупот.

 
Единствениот македонски претставник на европаската кошаркарска сцена, екипата на Куманово,пред својата публика, загуби од полската тим Роса Радом со 73-89 во меч од последното коло во „Ј’’ групата.
 
Александар Костовски постигна 19 поени за Куманово, но тоа не му помогна на македонскиот тим да го избегне петтиот пораз во шесте одиграни натпревари во ова натпреварување на ФИБА.
 
 Куманово со скор од еден триумф  и пет порази ги заврши натпреварите во Ј групата , на третата позиција , зад Турк телеком кој оствари максимални шест победи и Роса Радом екипа која имаше со три победи и порази, а пред КТП Баскет.

Ново на Сител