-->
-->
Куманово: Пукал во пријателот - Еве што се случило
-->

Вчера околу 14:30 часот во Куманово на ул.„Индустриска“ бб во дворното место на фирма, Г.М.(33), од невнимание, додека ракувал со пиштол марка „Глог“, калибар 9 мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на Р.М.(45), двајцата со живеалиште во Куманово. Г.М. со возило го однел Р.М. во ОБ Куманово, каде му е укажана првична медицинска помош, по што како итен случај е препратен во КЦ Скопје. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово, пиштолот,испукана чаура и зрно се подигнати за вештачење, а Г.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот, до ОЈО-Куманово ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
