Куманово подобар од Работнички, а Кожув ја совлада Струмица
Екипите на Куманово и Кожув со победи над Работнички и Струмица го започнаа вториот дел од кошаркарското првенство на Македонија односно натпреварите во Првата лига.
На средбата одиграна синоќа во Куманово истоимената домашна екипа славеше над Работнички со 83:67. Репрезентативниот тандем Бојан Трајковски – Алекнсандар Костоски беа нерешлива енигма за Работнички, двајцата заедно постигнаа 53 поени. Од нив зад името на Трајковски беа впишани 28 поени (имаше и 8 скокови), а Костовски средбата ја заврши со 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции. Кај Работнички, најефикасен беше Александар Стефановски со 24 поени.
Кожув на гостувањето кај Струмица ја оправдаа фаворитската улога со убедливата победа со 81:65. Александар Радуловиќ со учинок од 22 поени и 8 скокови, заедно со Владимир Брчков кој постигна 18 поени беа најефикасни во редовите на гелвгелиската екипа.
Утре од 19 часот во Гевгелија ќе играат Бест – Фени Индустри.
Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со шампионот.
Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 8-5, Кожув 7-6, Фени Индустри 6-6, Работнички 5-8, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата