-->
-->
Куманово по продолжение загуби од Академик Бултекс
-->

Екипата на Куманово го претрпе вториот пораз во регионалната кошаркарска Балканската лига (БИБЛ). Во меч од 3.коло кошаркарите на Куманово по продолжение се поразени од бугарскиот тим Академик Бултекс со 86:90, откако по регуларниот дел резултатот беше израмнет 79:79.
Првите три четвртини ги добија гостите (20-21, 22-24 и 21-24) кои во последниот приод влегоа со шест поени предност (63:69). Сепак кумановци со агресивна игра во одбраната успеаја да ја анулираат негативата, па последната четвртина ја добија со 16-10 за на крајот на регуларните 40.минути резултатот да биде израмнет 79:79.
Во дополлнителните пет минути, нашиот претставник одигра лошо во нападот, па со само 7 постигнати поени и не можеше да се надева на победа, на која пак бугарската екипа се радуваше со конечни 86:90.
Во тимот на Куманово беше Димитар Караџовски кој средбата ја заврши со 23 поени и 9 асистенции, додека Марјан Јаневски имаше „дабл-дабл“ учинок со 18 поени и 12 скокови
За Куманово ова е втор пораз во новата сезона во БИБЛ конкуренцијата, додека за Академик Бултекс тоа е трета победа, по која бугарскиот тим останува единствениот со максимален учинок.
Потсетување дека вчера и гевгелиска Блокотехна по продолжението загуби на гостувањето во Софија кај Левски со 99-93.
Во следното коло, кое на програмата е на 7 и 8 ноември, двете македонски екипи ќе гостуваат. Куманово на 7 ноември гостува кај Тирана, додека Блокотехна ден подоцна (8 ноември) во Црна Гора игра против тимот на Ибарод од Рожаје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
