Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
Општина Куманово објави јавен повик за работно ангажирање на триесет невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и облагородување на животната средина на локално ниво (пошумување). На повикот можат да се пријават невработените лица евидентирани во Агенцијата за вработување.
- Работното ангажирање ќе трае најмногу пет месеци. Избраните кандидати ќе добиваат месечен надомест од 24.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување, професионална болест и данок на личен доход, наведуваат од општина Куманово.
Заинтересираните треба да се активни баратели на работа, да се психофизички способни, да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија или дијабет, да се на возраст до 55 години.
Кандидатите треба да пополнат и потпишат изјава за доброволно учество во мерката и да ги прифатат обврските кои произлегуваат од Оперативниот план и законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството. Изборот на кандидати ќе го спроведе општината во соработка со ДЗС и противпожарен сојуз на Македонија. Избраните ќе потпишат договори и ќе следат обука. Огласот завршува на 17 јули, годинава.
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација