Куманово на нозе, волонтери во потрага по исчезнатиот Драган Цветковски
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 59. годишниот Драган Цветковски од Куманово кој беше пријавен за исчезнат на 19 декември годинава во полциската станица во Куманово, соопштија денеска од МВР.
Група граѓани од Куманово, иницирани од семејството на Цветковски, денеска од населбата „Гоце Делчев“ се вклучија во потрагата по Цветковски, кој има здравствени проблеми.
Последен пат Цветковски се одалечил од неговиот дом од населбата „Гоце Делчев“ на 19 декември во 13.00 часот кога тргнал на прошетка од домот по што, како што објаснија, граѓани им се јавиле и им кажале дека е виден на улицата „Лесковачка“, а потоа и градскиот кеј, но и на други локации во Куманово.
- Населбата „Гоце Делчев“ веќе е пребарана изминативе денови, човекот е висок и боледува од Алцхајмер, граѓаните можат да не информираат. Има фотографии на социјални мрежи, по медиумите, рече член на семејството Цветковски.
Цветковски последно бил облечен во сиво-маслинеста јакна, кафени панталони и црни чизми. Сите кои имаат какви било информации за исчезнатиот кумановец може да се обратат во полиција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион