-->
-->
Куманово израмни против Карпош Соколи, а МЗТ Скопје е на чекор до финалето
-->
Екипата на Куманово го израмни резултатот на 1-1 во победи против Карпош Соколи, додека МЗТ Скопје Аеродром веќе има водство од 2-2 против Фени Индустри во полуфиналето од кошаркарскиот шампионат на Макеоднија.
Куманово до првиот троумф над Карпош Соколи стигна пред својата публика во мечот кој го доби со 66:63.
Репрезентативниот тандем Трајковски-Костовски беа најзаслужни за оваа победа на кумановската екипа. Бојан Трајковски средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 12 поени и 13 скокови, а Александар Костовски на 13 поени придодаде и 6 асистенции.
Во Кавадарци, Фени Индустри иако во најголемиот дел од натпреварот против МЗТ Скопје А. водеше, на моменти и со двоциврена предност, сепак во последната четвртина актуелниот шампион успеја да направи пресврт и на крајот да слави со 91:87 за водство од 2-0 во победи.
Иако во редовите на кавадаречката екипа иаше четворица играчи со повеќе од 14 постигнати поени, сепак нерашива енигма за домаќините беше Урош Локовиќ кој средбата ја заврши со 31 поен и 17 скокови, а беше потпомогнат од Данило Мијатовиќ кој постигна 26 поени.
Полуфиналната серија која се игра во три добиени натпревари продолжува во вторник со третите натпревари кои ќе се играат во Скопје.
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување
-
Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ
-
Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа
-
Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107