Куманово го одбележува Денот на ослободувањето и пет века постоење
Куманово денеска одбележува 75 години од ослободувањето и пет века постоење. Во рамки на програмата за одбележување на празникот, претставници од општина Куманово и бројни делегации ќе положат цвеќе на Спомен Костурницата.
Вчера, во рамки на бројните манифестации и настани, градоначалниците на Куманово и Нови Сад, Максим Димитриевски и Милош Вучевиќ потпишаа договор за збратимување, со кој се предвидува интензивната соработка на двата града во повеќе области, наука, образование, туризам, спорт, во реализација на програми од социјалната заштита, урбанизмот и комуналната дејност. На прославата на значајниот јубилеј присутни се повеќе делегации од збратимени градови од повеќе држави.
Во рамки на одбележувањето, викендов беа отворени две традиционални ликовни колонии „Карпино“ и повеќедецениската „Кумановски ликовни уметници“ на која се презентираа дела на дваесетина кумановски академски уметници.
Во рамки на спортските активности се организираа бројни турнири во фудбал, ватерполо, атлетска трка на градскиот плоштад.
Изминатиов викенд на плоштадот настапија повеќе локални, македонски и пејачи од земјите од соседството.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата