Македонија
6. March 2020 - 12:17

Кумановка тешко повредена по удар од автомобил

Вчера околу 18.25 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.Ц.(44) од Куманово, удрило во пешак В.Н.(67) од Куманово. Во незгодата, В.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.