Кумановец викнал деца да му цепат дрва, едното со секирата го повредило другото
Вчера околу 12.00 часот во Куманово на ул. „Моша Пијаде“ во складот за огревно дрво „Дабо Груп“, сопственост на З.Т.(50), од страна на Д.В.(48) биле ангажирани Б.П.(22) и две четиринаесетгодишни момчиња, сите од Куманово, да исцепат дрва.
Додека работел едниот четиринаесетгодишник покрај него поминало другото момче на иста возраст кое се занело и ја ставило левата рака на трупецот на кој првиот цепел дрва.
Истиот, притоа, со секира во пределот на малиот прст од левата рака го повредил неговиот врсник кој се занел и паднал.
Повреденото момче било пренесено во Клинички центар Скопје на понатамошо лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Јавен обвинител констатирал постоење на кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР