Кумановец тврди: Во тепачка во кафеана пратеник на СДСМ ми ги скрши забите
Со два скршени заба завршило едно 28 годишно момче по вчерашната тепачка во кафеаната Палас во Куманово во која учествувал пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски. Според информации на Press24, 28 годишниот В.А. од Куманово по полициска станица пријавил дека се здобил со телесни повреди кои според пријавата биле предизвикани во тепачката која според неговото тврдење ја стартувал пратеникот на СДСМ.
Според неговата изјава, пратеникот го нападнал пред тоалетот удирајќи му тупаници во пределот на лицето.
Очевидци велат дека инцидентот избил откако пратеникот на СДСМ станал од својата маса и заминал на соседната и прегрнал еден од гостите, полицаец кој не бил на работа и кој му бил татко на повреденото момче.
Во тој момент, полицаецот побарал од Димитиревски да ја напушти нивната маса, бидејќи не сакал да го гледаат со него.
Димитриевски ја напуштил масата а подоцна пред тоалетот му удрил две тупаници на 28 годишниот В.А. по што избил поголем инцидент.
Димитриевски пак тврди дека тој бил нападнат и дека се бранел. Која верзија е точна ќе треба да истражи полицијата. Од таму велат дека работат на случајот откако вчера во 1:30 часот добиле пријава од вработен во ресторанот Палас дека е нарушен јавниот ред и мир.
До нашата редакција пристигна и видео од вечерта во кафеаната но на него не може да се види тепачката.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%
-
Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа
-
ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители
-
Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење
-
Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило
-
Анкета: Мнозинството Украинци се против Русија, само три отсто имаат позитивен став
-
Врховен суд: Да се почитуваат акредитациите за снимање во судница
-
Загина 59-годишен маж од Прилеп: Со возилото излетал од патот