-->
-->
Кумановец ограбен во својот дом, тројца разбојници му влегле дома
-->

На 5. овој месец во с.Отља, кумановско, три непознати лица извршиле разбојништво во куќата на Т.С. (66).
Сторителите влегле преку незаклучената врата и, додека оштетениот седел во неговата куќа, физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.
После тоа му одзеле пиштол марка „Застава“ калибар 7,62 мм, два мобилни телефони, 500 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и лична карта.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одреден 30 дневен притвор за пет лица вмешани во убиството на 25 годишниот турски државјанин
-
Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина
-
ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени
-
Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва
-
САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано